Skip to main content

Општина Виница: Граѓаните да го искористат продолжениот рок за легализација на бесправно изградените објекти

Општина Виница ги повикува сите граѓани кои имаат поднесено барање за легализација на бесправно изградени објекти до надлежните служби, а чија постапка е во прекин, да ја искористат законската можност за комплетирање на документацијата и завршување на постапката.

Иако рокот за постапување согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти е продолжен за уште 5 години, односно заклучно до 3 март 2031 година, сите засегнати лица се повикуваат навремено да се обратат во Општина Виница – Сектор за нормативно-правни и општи работи, каде ќе можат да се информираат за статусот на своето барање и да ја достават потребната дополнителна документација, се наведува во соопштение на локалната самоуправа.

Доколку барањата не бидат навремено дополнети со потребната документација, нагласуваат од Општината во соопштувањето, истите ќе бидат одбиени согласно законските одредби. 

Поврзани вести