Skip to main content

Опозицијата го минимизира владиниот успех: Македонија заслужува железница. ќе даваме услуга макар за еден патник

Со намера да се релативизираат и занемарат напорите за нормализирање на железничкиот сообраќај, овие денови на некои портали кружи вест дека во возот на релација Скопје – Куманово се возел само еден патник, објави Игор Коруноски, директорот за влеча и одржување во Македонски железници.

Лесно е да се погоди кој е иницијаторот за вакви вести. Тоа се оние кои изминативе 7 години ги укинуваа железничките линии со цел Македонија да нема железница.

За разлика од нив ние се радуваме на враќање на секоја укината линија и на секој еден нов патник.

Македонски железници ќе продолжи да дава услуги па макар и за еден патник, затоа што секој патник го заслужува тоа и затоа што Македонија мора да има и ќе има железница, потенцира во објавата Коруноски.
П.С. Видеото во прилог е од денешниот попладневен воз Скопје – Куманово.

Поврзани вести