
Несоодветно складирање, недоследни известувања до Комисијата во Министерството за здравство, нецелосна документација за продажба и трансфер – ова се дел од причините што шест компании за медицински канабис останаа без дозвола за работа.
Речиси половина од досега контролираните фирми работеле непрописно… Меѓу нив е и фирмата Алфафарм вмешана во нарко аферата со шверц на марихуаната од Македонија во Србија.
И покрај постоењето на низа неправилности, комисиите кои требало да контролираат не вршеле редовни контроли – потврди министерот за здравство… Проверките во овој бизнис почнаа по аферата со шверцот на марихуаната и откако Владата наложи да се извршат контроли.
Со постоечкиот закон ние сме обврзани како држава да имаме Агенција или сектор на Министерството, а не е направено тоа и ние сме свесни дека со пет луѓе кои со опис на работно место дополнително ова го работат човечките капацитети се многу лимитирани и заради можеби не биле постапени редовни контроли во тие институции- рече министерот за здравство Азир Алиу.
Контролите проодлжуваат. Во вкупно 43 фирми за медицински канабис ќе се вршат проверки. Со оглед на системските пропусти кои дозволуваат злоупотреби министерот Алиу повторно најави нови построги законски регулативи во овој бизнис, кои допрва ќе се прецицизираат.
Детектиравме пропусти во законот и ќе имаме ново законско решение кое нема да може да се злоупотреби. Тоа ќе го оставиме на стручните лица, но ќе имаме законско решение кое ќе биде во согласност со ЕУ директивите и она што недостига на терен- истакна Алиу.
За шверцот на марихуаната обвинителството за гонење на организиран криминал отвори истрага против шест лица, а двајца се во 30-дневен притвор. Предметот беше оформен откако во Србија беа откриени пет тони марихуана, за кои тамошните власти излегоа со сомнежи дека потекнуваат од Македонија.

Македонски



