Skip to main content
Акција на Интернационалната полициска асоцијација регион Охрид

Новогодишни пакетчиња за штитениците од Дневниот центар за лица со посебни потреби во Дебар

Интернационалната полициска асоцијација регион Охрид (ИПА Охрид), реализираше хуманитарна акција наменета за штитениците од Дневниот центар за лица со попреченост во Дебар.

Во духот на предновогодишна атмосфера, ним, со многу љубов и голема почит, им подаривме новогодишни пакетчиња, од срце им посакавме подобро здравје, повеќе среќни моменти и подобра 2025 година и заедно имавме предновогодишен ручек во Дебар, информираше Стефан Димоски, претседател на ИПА Охрид.

Димоски додава дека со оваа предновогодишна дружба сакале да покажат поддршка за нивно ментално и емоционално подигнување, да поттикнате и мотивираат креирање систем на хумани вредности и сите заедно, постојано да прават чекор плус кон јакнење на грижата за нашите сограѓани-лица со посебни потреби и мал придонес.

Желба ни беше да ја почувствуваат искрената желба да имаат подобар живот, да им покажеме дека сме со нив, дека грижата на нивните родители и воспитувачите за нивното здравје и безбедност, е и наша грижа, вели Димоски.

На заминување, поздравот со насмевки и пружените раце од овие деца, како што посочува Димоски, беа најголемото богатство и најсилниот знак на пријателство што, бескрајно не мотивира да служиме и да продолжиме да помагаме секогаш, да ја подигнуваме свеста во нашето општество, поангажирано и поорганизирано да се мобилизираме за решавањето на проблемите на децата со посебни потреби.

Во името на членовите на Управниот одбор на ИПА Охрид, искажувам огромна благодарност до Дневниот центар за лица со попреченост во Дебар, што ни овозможија да ја оствариме оваа средба а до децата, бескрајна благодарност што ни го отворија своето чисто срце и душа, ни покажаа љубов и не потсетија дека, јазикот на пријателството не е составен од зборови, туку од разбирање, нагласува Димоски.

Поврзани вести