Skip to main content

Новогодишна забава во „Беломорски клуб Читална“, катчето на Егејските Македонци во Скопје

Во својата прва година од работењето, здружението „Беломорски Клуб Читална“ организираше голема новогодишна забава во своите простории на која Дедо Мраз подели подароци на огромен број дечиња.

Детскиот џагор помешан со звуците на македонската музика и многуте гости покажаа дека луѓето од здруженијата на македонците од Егејот успејаа да го заживеат ова нивно катче и низ него да ја пренесуваат приказната и вистината за Егејот, велат од клубот.

Помеѓу гостите многу членови на клубот, општественици, уметници, професори, политичари меѓу и кои министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој е голем поддржувач на здруженијата и чии корени се исто така од Егејскиот дел на Македонија.

Домаќините од клубот најавија уште многу проекти за наредната година низ кои, како што потенцираат, ќе се развива љубовта кон нашата татковина Македонија.

Поврзани вести