Skip to main content

Нивото Охридското Езеро десет сантиметри над просекот за ноември

Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693.39 метри надморска височина или десет сантиметри над просекот за месец ноември.

Нормализирањето на водостојот секако е последица на обилните врнежи што го зафатија регионот изминатите денови. За споредба, пред само десет дена нивото на водата во еерото беше десет сантиметри под месечниот просек.

Температурата на водата денеска изнесува 13 степени Целзиусови или речиси идентично на просекот за ноември што изнесува 12,9 степени.

Поврзани вести