Skip to main content

Николоски: Време е за промени и одговорност

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Капија, потпретседателот на партијата, а воедно и вицепремиер и министер за транспорт Александар Николоски во своето обраќање порача дека државата се наоѓа пред клучен момент и дека е време за пресврт.

„Граѓаните се изморени од празни зборови и лажни ветувања. Сега е моментот за вистинска промена, за работа и одговорност. Нашата задача е да изградиме држава во која младите ќе сакаат да останат, а сите ќе имаат еднаква шанса,“ истакна Николоски.

Тој додаде дека досегашните власти не успеале да ги исполнат очекувањата на народот и нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да ја преземе одговорноста и да ја води Македонија во нов правец.

„Нема повеќе простор за манипулации. Ќе има дела, ќе има резултати,“ порача Николоски, нагласувајќи дека партијата ќе работи за правична распределба на ресурсите, подобро образование, квалитетни јавни услуги и транспарентна власт.

Поврзани вести