Skip to main content

Николоски: Победата во првиот круг во Демир Капија, да ја запечатиме на 2ри ноември

Фото: Принтскрин

Победата во првиот круг е јасна, ќе ја запечатиме во вториот круг, ќе славиме на втори ноември, Наталија е новиот градоначалник на општина Демир Капија, истакна на денешниот митинк во Демир Камија потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Николоски ги повика граѓаните уште помасовно да излезат во вториот круг за уште поубедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ.

-Благодарам на сите што излеговте да гласате, што го поддржавте ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг и да ве поканам помасовно, помотивирано да ги поканите сите што ги познавате и да имаме една голема, убедлива победа на 2ри ноември, рече Николоски.

Поврзани вести