
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски од денеска е во дводневна работна посета на Франција, каде е придвидено да оствари низа економски и политички средби на кои ќе се разговара за унапредување на билатералните односи и економската соработка меѓу двете земји, како и можните инфраструктурни проекти.
Како што соопшти Николоски, утрово во Париз имал одличен состанок Брис Рокфеј, Директор за Континентална Европа во Министерство за Европа и за надворешни работи.
Продолжуваме со многу интензивна агенда во интерес на Македонија, порача Николоски.