
Вчера Алфа телевизија, дел од мрежата на Орбановите медиуми, објави уште една таканаречена „ексклузивна“ афера против претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. Ништо ново. Дел од систематска, валкана операција која ја води криминалната група ВМРО со помош на приватната израелска компанија „Black Cube“, која ја нарекуваат и „приватен Мосад“, посочи на прес-конференција Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО на СДСМ,
Тоа е истата компанија која Орбан ја користи со години, а ја донесе и за Мицкоски во Македонија.ВМРО-OKГ е во слободен пад. Поддршката им падна за над 150.000 гласа.
Наместо да одговарат за економската катастрофа, за застојот на европскиот пат и за криминалните тендери, тие прават сè за да го дискредитираат СДСМ и да го дефокусираат вниманието на граѓаните.
„Black Cube“ е приватна фирма составена од поранешни израелски разузнавачи, позната по тајни снимки, фабрикување афери и валкани политички операции, особено во Унгарија и Словенија.
Орбан ја ангажирал „Black Cube“ пред изборите 2018 и 2022 година, како и оваа година пред изборите кои ги изгуби.
Медиумите ширум Европа пишуваа за нивните активности, како нивните агенти со лажни идентитети и лажни компании мамеле активисти и новинари, тајно ги снимале, а снимките потоа се пуштале во провладини медиуми за да се дискредитира невладиниот сектор и политички неистомисленици. Еве дел од тие натписи.

Оваа година биле задолжени за Петер Маѓар, идниот премиер на Унгарија. Сакале да објават снимки од неговата спална соба и да направат лажна афера.
Нивните методи не познаваат граници, а моралот им е целосна непознатница.
Само пред неколку недели, пред парламентарните избори во март оваа година, „Black Cube“ повторно интервенирала, овој пат во Словенија, во интерес на Јанес Јанша.
Словенечката влада ова го квалификувала како директно странско мешање во изборите.
Мицкоски сега го копира истиот модел. Истата „Black Cube“ работи и Македонија.
Како што најавивме пред неколку недели, „Black Cube“ имале состанок со претставници ВМРО и со еден голем бизнисмен, близок до Христијан Мицкоски и финансиер на ВМРО, во луксузен хотел во Скопје.
Мицкоски и криминалната организација ВМРО сега ги користат за да го нападнат СДСМ и да го сокријат сопствениот неуспех.
Со исти методи: тајни снимки, следење, фабрикувани афери, Орбанови медиуми како дистрибутери.
ВМРО-ОКГ не води држава – таа води валкана војна против сопствениот народ.
Ние нема да дозволиме „Black Cube“, Орбан и Мицкоски да ја одредуваат иднината на Македонија.
Бараме од Обвинителството да отвори истрага за ангажирањето на „Black Cube“ од страна на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
Јавна објава сите странски операции на територија на државата. АНБ ова не смее да го дозволува.
Демократијата не се брани со шпионски фирми. Се брани со гласот на граѓаните.
Наскоро доаѓа времето на вистината, а потоа и на правдата и одговорноста за овие дела.
Граѓани на Македонија, видовте дека автократијата и диктаторите мораат да паднат. Нашето место е во Европа, а не да бидеме заложници на оваа криминална банда.
Унгарија покажа дека може, можеме и ние. Нема да престанеме во одбраната на слободата и демократијата.
Можете да фабрикувате афери и да правите лажни вести – дефокусот веќе не поминува.
СТАВ НА ВМРО-ДПМНЕ
Венко Филипче има рејтинг кој е статистичка грешка. Човекот е до гуша во криминали, што не се потребни никакви експерти да се види од месечината дека е криминоген. А и толку е небитен, што извори за неговата корупција се луѓето од неговиот најтесен круг.
СДС се затечени од вистината за нивниот лидер, со панични прес-конференции и небулозни тврдења сакаат да избегнат од фактот дека нивниот лидер има втора матична држава. Зошто извадил таква виза и врз кој критериум му дале?
Се потат лицата кои за плата држат пресови кај СДС, но тоа не ги амнестира од морална одговорност и нив.
Најголем експерт за откривање на лажливци и корумпирани политичари е самиот народ. И тука Вардар не го пере Венко.
Со цел да докаже поинаку, нека предложи СДС во законот измени да не може да е лидер на партија и пратеник и премиер, лице со златни визи од други држави.
А за темите за „Black cube“ им препорачуваме да престанат да одат во фабриките за марихуана во Струмица, тотално ги вадат од колосек. „Black cube“ е плод на наркоманското подземје во центарот за комуникации на СДС, раководено од син на поранешен функционер на СДС и нивен идеолошки гуру кој е способен за пар евра да создаде идеологија од обичен грабеж и предавство на својата земја.

Македонски



