Skip to main content

Нема да носиме никаков шверцерски закон во Парламентот, вели Мицкоски за договорот со Обединетото Кралство

Нема никаков Закон во Парламент на шверцерски начин да носиме, немаме намера да скриеме нити милиметар информација која што им е потребна на граѓаните, вака одговори денеска на новинарско прашање премиерот Христијан Мицкоски во однос на договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство.

Ние нема никаков Закон во Парламент на шверцерски начин да носиме со злоупотреба на европско знаме, како што тие правеа. Нема да класифицираме документи, напротив ќе и биде јасно на македонската јавност што ќе потпишеме, под кои услови, кои се цените по кои што ќе се гради и кои се компаниите кои што сето тоа ќе го градат. Немаме намера да скриеме нити милиметар информација која што им е потребна на граѓаните – дециден е премиерот.

Во однос на обвинувањата на опозицијата Мицкоски рече дека тие имале можност во претходните 7 години да покажат перформанси, но биле инфериорни кон оние кои си играле фудбал и баскет во своите кабинети.

Гледаат дека Македонија се гради, дека повторно се задвижува економијата…. за жал тие како политичка структура 7 години имаа можност да покажат перформанси, тие беа инфериорни на оние кои што играа фудбалчиња и баскет во кабинетите наместо да работат и да можам да ги разберам неможам да ги оправдам – рече Мицкоски.

Мицкоски меѓудругото уште еднаш потенцираше дека македонската јавност се ќе има увид и дека нема да имама европски знамиња како и класифицирани информации.

-Ниту е мој карактер, ниту имам намера нешто да кријам од македонските граѓани туку секогаш подготвен да излезам да се соочам и апсолутно сето она кое што јас лично го работам и моите соработници е во интерес на македонските граѓани. Македонската јавност се ќе има на увид, секој цент кој што ќе биде потрошен ќе го има на увид. Нема да има европски знамиња и нема да има класифицирани под строго доверливо документи, потенцираше премиерот Мицкоски.

Поврзани вести