Skip to main content

Најповолна понуда за повикот за набавка на 150 електрични автобуси е таа од „IKARUS Electric Zrt“ во заедничка понуда со ЕВН

Четири компании се јавиле на Jавниот повик за набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење, информираат од Министерството за транспорт.  Две од нив, „BMC Otomotiv Sanayi ve Ticaret Anonim Sirketi“ и „IKARUS Electric Zrt“ во заедничка понуда со ЕВН ги исполниле условите да учествуваат на јавниот повик. Најповолна понуда доставиле од „IKARUS Electric Zrt“ во заедничка понуда со ЕВН.

На јавниот повик се јавиле и „Xiamen Golden Dragon Bus Co, Ltd“,  „YES -EU DENMARK A/S YUTONG“, но според евалуацијата на понудите двете компании не ги исполнувале условите за учество. 

По спроведенета евалуација на понудите, Комисијата за јавни набавки утврди дека од вкупно четирите доставени понуди, согласно критериумите утвредни со Јавниот повик, два економски оператори ги исполнуваат условите да учестувуваат на електронската аукција, согласно член 59 од Законот за јавни набавки (јавното надавање) што се оддржа денеска и тоа: „BMC Otomotiv Sanayi ve Ticaret Anonim Sirketi“ и „IKARUS Electric Zrt“ во заедничка понуда со ЕВН. Според одржаната електронска аукција, најниска цена достави компанијата „IKARUS Electric Zrt“ во заедничката понуда со ЕВН и тоа од 3.120.956.004 денари без ДДВ, односно 19.796.924 денари без ДДВ по единица автобус и 2.018.899 без ДДВ по единица станица за полнење, велат од Министерството за транспорт.  

Комисијата надлежна за спроведување на јавната набавка, предложила избор за најповолен понудувач, по што утврден е рок за жалба од десет дена.

По склучување на Договорот, најповолниот понудувач е должен да изврши испорака на автобусите и станиците за полнење по следната динамика:  30 електрични автобуси и 15 станици за полнење да се достават во рок не подолг од шест месеци од денот на склучување на договорот, 60 електрични автобуси и 30 станици за полнење во рок не подолг од дванаесет месеци од денот на склучување на договорот и 60 електрични автобуси и 30 станици за полнење во рок не подолг од осумнаесет месеци од денот на склучување на договорот, информираат од Министеството за транспорт.

Поврзани вести