
Се покажа дека примитивноста, ароганцијата, говорот на омраза, се одлика на кадрите на СДС.Наместо јавно да се извини за говорот на омраза кон новинар, Костадин Костадинов продолжува со реториката во ист стил, регира ВМРО-ДПМНЕ.
Дури и неговите зборови да се упатени, како што тој вели кон лицето Драган Павловиќ-Латас, а не кон новинарот Драган Павловиќ-Латас, ваквиот јавен линч и повик за убиство е несвојствен за цивилизирано општество.
Начинот на преземање на правдата во свои раце, како што вели Костадинов е својствен за едни други минати времиња и системи.
Така што, ВМРО-ДПМНЕ секогаш е на страната на цивилизираното однесување, достоинствениот начин на однесување, дијалогот и ќе застане во одбрана на секој еден којшто на јавна сцена на ваков примитивен начин ќе биде нападнат.
Посебно ако нападите, навреди и говорот на омраза доаѓа од вршители на јавни функции, посебно бирани директно од граѓаните на непосредни избори, како градоначалник на општина, во случајов, Костадин Костадинов, градоначалник на Општина Струмица.
Оттука, наместо СДС и Венко Филипче да молчат треба да го осудат ваквиот говор на омраза на нивниот градоначалник, Костадинов и да побараат од него јавно извинување на ист начин како што јавно ги упатува и заканите.
Откако ќе се оградат, после тоа СДС и Филипче да ги повикаат и надлежните институции да постапат и Костадинов да ја сноси одговорноста за ова негово дело.