
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска во Собранието на Република Македонија се обрати на дебатата на тема: „Забрзување на интеграцијата: Придобивките од Реформската агенда за институционално зајакнување и усогласување со ЕУ“.
Во својот говор министерот Муртезани ја потенцираше важноста на Реформската агенда која претставува многу повеќе од листа на услови за членство во ЕУ.
Тој рече:
„Таа е симбол на нашата заедничка амбиција за да изградиме поправедно, попродуктивно и потранспарентно општество. Улогата на Парламентот во овој процес е клучна. Тука, преку дискусии и одлуки, овие реформи добиваат вистински живот и импулс.“