
Вечна слава и почит на македонските херои, десетте припадници на Армијата на Македонија, Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабраноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски, кои го дадоа својот живот во одбрана на татковината, кај месноста Карпалак, напиша на фејсбук министерот за одбрана Владо Мисајловски.
Нивната борба не беше само во името на денешниот ден, туку за иднината на сите нас. За слободата која ја живееме, за Македонија каква што ја сакаме и каква што ќе продолжи да биде, благодарение на нивната жртва.
Да не се заборави, не само на деновите кога се бореле, туку и на вредностите што ги оставија зад себе: храброст и одлучност да се зачува Македонија. Нивната храброст и саможртва нема да бидат заборавени, ќе живеат во нашите срца засекогаш.
Нека им е вечна слава!