
Остварив средба со заменик-командантот на Командата на здружените сили на НАТО во Неапол, генерал-потполковник Питер К. Скот, напиша на својот фејсбук профил министерот за одбрана Владо Мисајловски.
На средбата изразив благодарност за континуираната поддршка од страна на JFS Naples за македонските контингенти ангажирани во НАТО-предводените мисии и операции.
Македонската Армија продолжува со активен и видлив придонес во НАТО операциите, преку учество во командни структури и мултинационални сили, како и преку ангажман во рамки на колективната безбедност на Алијансата, особено на источното крило на НАТО.

Македонски



