
Денеска остварив средба со бригадниот генерал Крис Меккини, заменик директор во европската команда на вооружените сили на САД, објави министерот за одбрана, Владо Мисајловски.
-Македонско-американската одбранбена соработка е вистински пример за тоа како соработуваат две исклучително блиски земји, сојузници во НАТО. На генералот Меккини му се заблагодарив за сета досегашна поддршка во процесот на опремување и модернизација на Армијата, процес кој се рефлектира и на зацврстувањето на колективната безбедност во Алијансата. Благодарност и за можностите за професионално усовршување и едукација за вработените во одбраната и припадниците на Армијата, потенцира во објавата Мисајловски.
Македонија останува цврсто посветена на еден од столбовите за развој на вооружените сили – стабилното буџетирање на одбраната и одвојувањето на значителен процент за процесот за модернизација, додаде министерот за одбрана.
Со набавката на најсофистицираните и најмодерни оклопни возила JLTV и Stryker од американско производство, македонската Армија ја зголемува својата борбена готовност и придонесува кон еден мирен, безбеден и стабилен регион, нитира во објавата Мисајловски.