
Денеска заедно со началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски и амбасадорката на САД, Ангела Агелер присуствувавме на затворањето на работилницата за градење отпорност на национално ниво, реализирана во соработка со Институтот на САД за безбедносно управување и Амбасадата на САД, соопшти министерот за одбрана Владо Мисајловски.
Во рамки на работилниците беше реализирана и вежба која ја тестира националната подготвеност за колективна одбрана и отпорност и овозможи вмрежување помеѓу професионалците од над триесет институции и оператори на критичната инфраструктура.
Овие активности ни овозможуваат да ја зајакнеме меѓуинституционалната координација и да утврдиме следни чекори на Владата, со цел поефикасен и отпорен систем во служба на граѓаните.
Благодарност до амбасадорката Агелер и нашите американски сојузници и стратешки партнери за континуираната поддршка и соработка во развојот на одбраната, како и за заедничките напори за јакнење на безбедноста, стабилноста и напредокот на државата.

Македонски







