
Владо Мисајловски, носител на изборна единица 2 од ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на народниот митинг, кој се одржа во Куманово, во рамки на изборната кампања за претстојните локални избори со слоган е „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“.
,,Вечерва сум тука со вас да испратиме порака. Куманово заслужува да биде град на можности, град на развој и град кој се гради со љубов, со посветеност и со визија. Потенцијалот е јасен, визијата е конкретна, а можностите за развој се реални и остварливи“, вели Мисајловски.
Мисајловски потенцираше дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ активно инвестира во сите општини, а ќе продолжи и во иднина.
,,Владата активно учествува и инвестира во сите општини. Ќе продолжи со активности и иницијативи во наредниот период, со цел обезбедување подобар живот, развојни можности и просперитетна иднина за сите граѓани“, рече Мисајловски и додаде:
,,Заедно градиме иднина во која модерната инфраструктура ќе биде за сите, квалитетното образование и социјалната поддршка ќе бидат основа за развој и просперитет“.