Skip to main content

Мисајловски: Ја продлабочуваме сојузничката соработка и ги зајакнуваме партнерствата

Фејсбук

Денеска во касарната „Илинден” заедно со Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, имавме чест да ги пречекаме членовите на Постојаниот комитет на парламентарното собрание на НАТО, напиша на својот фејсбук профил министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

Пратениците имаа можност да се запознаат со дел од опремата, капацитетите на македонската Армија, и да проследат вежбовни активности на нашите припадници.

Овие посети се значајни за продлабочување на сојузничката соработка и зајакнување на партнерствата.

Поврзани вести