Skip to main content

Министерот за здравство во посета на болницата: Инфраструктурни активности и кадровско зајакнување во ГОБ „8 Септември“

Министерот за здравство, Азир Алиу во рамки на работна средба со директорот на ГОБ „8 Септември“, Синиша Стојаноски, ја реафирмираа заложбата за континуирано унапредување на третманот на пациентите и условите за работа на здравствениот персонал.

Како што соопштија од Министерството за здравство, Стојаноски при посетата, го информирал министерот дека веќе се почнати градежни активности за реконструкција на хируршкиот дел и кровот на болницата.

Денеска на лице место, заедно со директорот направивме обиколка на болницата. Оваа установа претставува столб на секундарното здравство и е стратешки важна. Веќе се отпочнати градежни активности за реконструкција на хируршкиот дел со вкупна површина од 2000 метри квадратни, со седум операциони сали, боксови за интензивна нега, придружни простории, а со реконструкција е опфатена и кровната конструкција на оваа установа. Со ова значително ќе се подигне нивото на здравствени услуги кои ги обезбедуваме за нашите граѓани, посочил министерот Алиу.

Од Министерството информираат дека болницата кадровски се зајакнува со девет приватни специјализанти, за чие вработување течат законските процедури.

Поврзани вести