Skip to main content

Министерката Јаневска ќе учествува на панел дискусија за потребите на ИКТ индустријата

На 3 декември во 12:30 часот во ресторан Парк Рагуса во Скопје, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе учествува на панел дискусија на тема „Кој ќе ја кодира иднината? – Едукација, кадар и потребите на ИКТ индустријата“, како дел од годишната конференција на МАСИТ – Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии, што се организира по 20ти пат.

На панелот ќе учествуваат и деканот на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), проф. д-р. Петре Ламески и деканот на Факултет за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ), проф. д-р. Благој Ристевски.

Поврзани вести