Skip to main content

Мицковски: Со домашен притвор за Јахоски се прославува три месеци бегство на Груби

Не престануваат реакциите во јавноста за определените мерки за претпазливост, наместо притвор за синот на пратеникот од ДУИ, Асмир Јахоски, кој е меѓу 13 осомничени лица за сомнителни набавки на лошо гориво, со што буџетот бил оштетен над 160 милиони евра, но побитно, енормно влијаел врз загадувањето во земјата, а со тоа директно и врз здравјето и животот на граѓаните.

Сопственикот на „Пуцко петрол“, и син на пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски, Асмир Јахоски, доби домашен притвор.
Е така се прославува три месеци од бегството на Груби, коментира Ивор Мицковски.

Поврзани вести