Skip to main content

Mицкоски:  Владата ќе продолжи да ги поддржува проектите кои одговараат на потребите на граѓаните

Моето присуство, присуството на потпретседателот на Владата, на останатите членови на Владата и пратениците во македонското Собрание е исклучително значајна порака за Кратово и кратовчани дека како Влада ќе продолжиме да ги поддржуваме проектите коишто одговараат на потребите на жителите во оваа општина како што и самиот градоначалник кажа. Неколку проекти се реализираат од средствата како Влада ги пренасочивме од централниот буџет кон општините и тој процес ќе продолжи во годините коишто следат, изјави премиерот Мицкоски по денешната посета на Кратово.

Наш интерес како Влада е интересот на граѓаните. Сето она коешто претставува нивна потреба ние тоа да го реализираме. Така што уште еднашка еве нека е честито пуштањето во функција на овој прекрасен објект и уште многу спортисти и таленти да изникнат од оваа спортска сала и од овој спортски објект.

Поврзани вести