Skip to main content

Мицкоски: Продолжуваме како Влада да ги финансираме проектите коишто значат додадена вредност за граѓаните

Денеска присуствував на поставување на камен темелник за изградба на нова детска градинка во Општина Гази Баба, соопшти премиерот Мицкоски на социјалните мрежи.

Продолжуваме со реализација на проектите, тоа што е ветено треба да се реализира. Честитам на градоначалникот за експресно реализираната јавна набавка или да речам договор со операторот којшто ќе ја гради. Очекувам во рамките на рокот којшто го дефинирале да биде објектот изграден.

Продолжуваме како Влада да ги финансираме проектите коишто значат додадена вредност за граѓаните, еден од тие објекти е и овој, јас честопати велам секогаш онаму каде што има потреба од вакви објекти, ние сме тука како Влада веднаш да реагираме. Се радувам да има повеќе дечиња коишто ќе ги користат овие објекти.

Поврзани вести