Skip to main content
xhHi2dlFDqQ

Мицкоски од Будимпешта: Ние не сме само претставници на различни нации и држави, ни сме носители на заеднички идеали

Премиерот Христијан Мицкоски, во Будимпешта оствари средба со претседателот на владата на Унгарија, Виктор Орбан, со кого разговараше за одличната билатерална соработка меѓу Македонија и Унгарија, како и на можностите за нејзино натамошно продлабочување.

Во Бдимпешта, Мицкоски имаше и обраќање на СРАС конференцијата

Денеска, на оваа престижна меѓународна платформа, се собираме со чувство на одговорност, но не само како претставници на различни нации и држави, туку првенствено како носители на заеднички идеали – идеали што ги обележаа најсветлите моменти во историјата на човештвото, изјави Мицкоски во своето обраќање.

Македонскиот премиер истакна дека доаѓа од држава којашто е во срцето на Балканот, со длабоки корени, но и со јасна визија за иднината.

Доаѓам од место во кое вековите нè научија дека вистинската сила доаѓа од верноста кон вечните вредности со кои никогаш не смее да се прават компромиси.

Живеејќи во времиња, кога лажните наративи се обидуваат да ги избришат или да ги релативизираат нашите национални идентитети, ние сме тука за да го потврдиме спротивното.

Патриотизмот не е некаква ретро-идеја, туку единствениот пат кон просперитетна иднина.

Прво и основно – Бог.

Не како апстрактна идеја, туку како жив Творец кој нè повикува на вистина, правда и на милосрдие“, изјави Мицкоски.

Во своето обраќање, Мицкоски цитираше и стихот од Библијата (Матеј 5:6) каде што се вели: „Благословени се оние кои се гладни и жедни за правда, бидејќи тие ќе се наситат“.

Во време кога христијанските вредности секој ден се напаѓаат, исмејуваат и исклучуваат од јавниот дискурс, ние сме повеќе од сигурни: никогаш нема да се откажеме од духовното наследство на рамноапостолите, светите браќа Кирил и Методиј кои од Македонија ја донесоа писменоста и христијанството помеѓу словенскиот свет.

Второ – Татковината.

Таа – нашата родна грутка – не е само некаков географски поим.

Татковината била и ќе продолжи да биде живо ткиво составено од историја, традиција и заеднички стремежи.

Татковината не се менува, не се напушта и не се продава – таа се брани и се гради!“, истакна Мицкоски,

Тој истакна дека Македонија, иако мала, никогаш не се откажала од својот идентитет.

Низ нашата многувековна историја научивме дека слободата се плаќа со жртви.

Денес, во духот на соработката, длабоко ја цениме поддршката на нашите стратешки партнери, како што впрочем е и Унгарија – чиј пример нè инспирира уште повеќе да ги застапуваме вредностите во кои веруваме.

Се присетувам и на еден впечатлив говор на претседателот Трамп.

„Основната потреба на нашето време е да имаме нации што ќе ги бранат своите култури, своите граници и своите вредности“ – беше споменато.

Ние, пак, застапниците на овие вредности, имаме обврска оваа идеја да ја прифатиме, да ја афирмираме и да ја реализираме.

И конечно – семејството.

Најсветата институција што ја создал Бог.

„Ако Господ не го гради домот, напразно работат градителите“. (Псалм 127:1)

Денес, кога некои се обидуваат да го редефинираат семејството, ние се обидуваме да ја заштитиме таа основна клетка и вредност. Семејството е нашиот темел, нашите татковини се нашата основа.

Затоа што многу добро знаеме дека секоја нација е силна колку што се силни нејзините семејства.

Верувам дека овој е патот кој треба да го изодиме, изјави македонсиот премиер.

Мицкоски порача дека не смее да се заборават нашите пријатели кои ги штитат овие вредности.

Нашиот пријател премиерот Виктор Орбан е еден од лидерите кои ги промовираат вредностите во Европа и за чија активна улога треба да биде поддржан и поздравен. Тоа е политика на цврсти основи и политика каде зборот е збор, цврст како карпа. И му благодарам за тоа. И ветриштата на промени кои ги започна администрацијата на претседателот Трамп е политика на раст и враќање на надежта.

Во таа насока ве повикувам:

Да ја зајакнеме нашата духовна отпорност.

Да го одбраниме нашиот суверенитет.

Да го заштитиме традиционалното семејство.

Ова не е само наша должност!

Тоа е нашата чест!

Како што вели една македонска народна мудрост: „Еден човек може да направи разлика, но сите заедно можеме да направиме историја“.

Нека Господ го благослови нашиот заеднички пат!, истакна Мицкоски за време на своето обраќање на конференцијата.

Поврзани вести