Skip to main content

Мицкоски: Не реков дека на 15 декември ќе се затвори трезорот, К-15 во државните институции ќе има

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кажа дека трезорот нема да биде затворен на 15. декември, туку дека е добро сите до 15. декември да ги достават сите тековни потребни. Тој напомена дека ќе има К-15 во сите државни институции.

Не реков дека ќе се затвори трезорот, туку го поставивме 15 декември датум кога сите институции е добро да ги достават сите тековни потреби, расходи и сите средства кои треба да се пренесат до доверителите, и дека ќе имаме толеранција. Но, идејата е да работиме со план, да имаме свесност и дека е потребно сето тоа да биде реализирано на време и да имаме некоја навика, тоа е суштината. Годините наназад, минатата година првпат имав такво искуство, некако како во 5 до 12 се се случуваше, и некако физички некако трезорот не можеше некако тоа да го сработи. Навремено да ги испланираме активностите, за да не ни се случи 5 до 12 сите нагрнеме таму. К-15 во државните институции ќе има, рече Мицкоски.

Ги коментираше изјавите од СДСМ околу оваа тема.

СДСМ се уште го има кредибилитетот како опозициска партија, и треба да се одговори на нивните небулозни и неточни тези. Има луѓе таму кои се разбираат во економија, и да шират вакви тези е нејасно. Јас разбирам дека сакаат да шират паника, но тоа има ефект на краток рок, вели Мицкоски.

Поврзани вести