Skip to main content

Мицкоски на промоција на Ресурсен центар за поддршка на развојот на општините

Ресурсен центар за поддршка на развојот на општините ќе биде промовиран денеска на настан во Скопје на кој се очекува присуство на сите градоначалници, информира Министерството за локална самоуправа (МЛС).

Воведни обраќања на настанот ќе имаат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, претставникот на УНДП во државава Армен Григоријан и амбасадорот на Швајцарија, Кристоф Зомер.

На седница на Владата во август годинава, на предлог на Министерство за локална самоуправа, беше усвоена Информација за отпочнување на активности за воспоставување на Ресурсен центар за поддршка на развојот на општините. Центарот е конципиран како институционален механизам кој ќе овозможи долгорочна, одржлива и стручна поддршка за општините во државава, преку обезбедување специјализирани услуги во областа на административниот менаџмент, планирањето на локалниот/регионалниот стратешки развој, подготовка на техничка документација и капитално планирање, финансиското планирање и управување, техничка експертиза, јакнење на меѓуопштинската соработка, подготовка на проектни апликации и искористување средства од меѓународни фондови.

Поврзани вести