
Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на промоција на нова воена опрема на Министерството за одбрана во соработка со ЕУ во касарна Илинден.

Се заблагодарувам на амбасадорот за неговата лична посетеност, на Европската Унија што донира и препознава во македонската Армија квалитет, посветеност, како Армија којашто е составен дел на НАТО Алијансата, изјави Мицоски.

Тој се заблагодари на министерот за одбрана, Владо Мисајловски, на заменикот, на луѓето од Министерството, за посветената работа.

Сакам да ја искористам оваа прилика да ја истакнам работата на началникот на Генералштабот и да се заблагодарам на неговата неуморна работа и посветеност, за да може нашата Армија да изгледа вака како што изгледа, да биде конкурентна и подготвена. Остануваме како Влада, посветени да ги исполнуваме сите барања од страна на НАТО Алијансата, изјави Мицкоски.



























Македонски



