
Премиерот Христијан Мицкоски, за ТВ21 изјави дека поранешниот прв вицепремиер Артан Груби заедно со уште едно лице ја напуштил земјава и заминал во Косово. Тој тоа го сторил со возило со дипломатски таблици, вели Мицкоски.
Моите информации се дека поранешниот директор на Државна Лотарија подолго време не е во земјата, додека поранешниот вицепремиер во текот на вчерашниот ден со еден стопанственик, со возило со дипломатски таблици ја напуштил границата на Македонија и заминал во Косово – рече Мицкоски.
Гледајте го целото интервју со Христијан Мицкоски на ТВ21 вечерва во 21:30 часот.