Претседателот на Владата Христијан Мицкоски го честиташе Денот на наставата на туриски јазик во Македонија.
Како држава сме мултиетничка средина и повеќе заедници живеат и на тој начин го збогатуваат практично ова наше заедничко семејство наречено Македонија. Денеска е празник на турската заедница, би сакал оваа прилика да го честитам и да изразам задоволство што можеме да го чествуваме заедно.
На овој начин практично покажуваме дека ние воопшто немаме фрустрации и стереотипи, туку напротив сакаме да бидеме едно семејство без разлика на нашите различности, да бидеме обединети и тоа наше заедничко семејство коешто го составуваат сите овие наши различности заедно да го штитиме, бидејќи семејството се сака, но и се штити.
Сите ние, граѓани на нашата Македонија без разлика на нашата етничка припадност, верска припадност сме дел од ова ќе повторам наше заедничко семејство и сакам да верувам дека сите ние подеднакво заедно си го сакаме ова наше заедничко семејство и како такво ќе го штитиме, се вели во честитката на премиерот Мицкоски.