Skip to main content

Мицкоски: Ако некој чувствува дека треба да отстапи, постои морален чин на одговорност

Постојат два начини на одговорност. Еден е морален, кога човек кој обавува одредена функција ако направи грешка самиот да се повлече и вториот е кривичен – рече премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со евентуалното поднесување на барање за разрешување на претседателката на Антикорупциската комисија Татјана Димитровска со законодавниот дом.

Тој додаде дека чувствува дека има поединици кои се обидуваат политиката кај нас да ја направат естрада.

-Ако чувствува некој морален чин на одговорност треба да отстапи да заврши со таа работа, а доколку има кривична одговорност тука се обвинителството и судовите. Тие нека гонат доколку има кривична одговорност, вели Мицкоски.

Премиерот потсети и на разрешувањето на членовите на Судскиот совет кои се уште од граѓаните добиват пари.

-Што ако ВМРО-ДПМНЕ поднесе или друга партија поднесе, за Судскиот совет поднесовме, ги разрешивме, тие уште седат таму, илјадници евра на грбот на граѓаните добиваат, рече Мицкоски.

Поврзани вести