Skip to main content

Меља, Фетаху и Имери во трка за градоначалник на Дебар

МИА
МИА

Во трката за нов градоначалник на Дебар на претстојните локални избори силите ќе ги одмерат тројца кандидати, двајца предложени од партии и еден независен кандидат. Станува збор за Фисник Меља, од коалицијата „ВРЕДИ“ (член на Алтернатива), актуелен заменик-директор на УЈП, Илиријан Фетаху од Европскиот фронт (член на на крилото на АА на Зијадин Сеља), професор во дебарската гимназија „28 ноември“ и Рамадан Имери, независен кандидат, директор на истата гимназија.

Тројцата кандидати за МИА ги потврдија кандидатурите и ветуваат целосна ангажираност во интерес на сите граѓани, чесно и со целосна одговорност.

Иако свесен за големата одговорност што ја носи функцијата, ја прифатив кандидатурата, бидејќи сум убеден дека Дебар повеќе нема време за губење. Дојде време за нова визија, за искрен, одговорен пристап и со вистинска посветеност кон граѓанинот. Не доаѓам за празни ветувања, туку да докажам дека со искрена работа можеме да ја вратиме надежта, вели Меља.

За Фетаху, прифаќањето на кандидатурата е можност за искрена соработка.

Со прифаќањето на кандидатурата не барам шанса за моќ. Барам можност за искрена соработка, за колективна свест за изградба на модерен град со еднакви можности за сите. За да го направам ова, секако ми треба довербата и поддршката од жителите, вели Фетаху.

Каја, пак, вети дека Дебар ќе чекори напред со достоинство.

По распишување на изборите ќе почнам да собирам потписи, во рокот пропишан со изброниот законик, што сум повеќе од убеден дека ќе ги обезбедам, бидејќи сите добро ме познаваат дека сум човек од збор. До денес, никогаш не сум се откажал од дадениот збор, сум помагал колку што сум можел. Ветувам Дебар што чекори напред со достоинство и еднаквост.Ќе имам и листа за советници, која ќе ја предводи Дргим Каја, вели Имери за МИА.

Во Дебар, кој се смета за бастион на ДУИ, по повеќе успешни изборни циклуси на локално ниво, ова ќе бидат први избори каде нема да има кандидат под своето лого, што следуваше по договорот во Европскиот фронт, Дебар да му биде отстапен на крилото на Сеља.

Што се однесува до ВМРО ДМНЕ и СДСМ, повеќе од сигурно е дека нема да имаат нивни кандидати за градоначалник.

На последните избори ВМРО ДПМНЕ го поддржа кандидатот на Алијанса за Албанците, додека СДСМ на ДУИ. И двете партии учествуваа со кандидатски листи за советници, како што ќе биде и на овие избори.

Поврзани вести