
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити изјави дека не се водат преговори во однос на химната и грбот, но и дека нема ни табу теми, и се разговара за се што е во интерес на граѓаните и државата.

-Во фокус ни е владината програма каде што има утврдени столбови, нема преговори во однос на химната, грбот, но нема ни табу теми, значи разговараме. Политички договор има за Владината програма која што има утврдени столбови како што се економскиот развој, живиотниот стандард, ЕУ-интеграцијата, враќање на правната држава, децентрализацијата, се секојдневно во нашиот фокус и целосно сме посветени на овие столбови. За другото нема преговарање, нема политички договор, но како Влада се што е во интерес на граѓаните и државата, разговараме, дебатираме, про и контра, тоа е на ниво на разговори, нема табу теми…Не сакам да навлегувам во нешто за што нема преговори, нема политички договор. Не криеме ништо, вели Меџити.
На прашањето дали има проблеми во коалицијата по однос на прашањето околу грбот и химната поради различни ставови на партнерите во власта, тој рече дека има една Влада, но не се едно и оти Владата има демократски и политичлки капацитет да изнајде решенија на маса на база на аргументи.