
Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од коалицијата ВРЕДИ, Изет Меџити, го претстави проектот за Младинскиот центар, се вели во соопштението од ВРЕДИ што МИА го пренесува интегрално.
Според Меџити, Младинскиот центар ќе биде организиран на четири функционални нивоа:
Први кат: библиотека и сала за предавања, отворена за читање, истражувања и разни настани.
Втор кат: Дигитален центар со лабораторија за вештачка интелигенција (AI), компјутери и бесплатни обуки за програмирање, вештачка интелигенција и дигитална писменост. Овој кат ќе опфати и co-working простор за поддршка на младинските стартапи, како и менторска програма „од млади за млади“.
Трет кат: STEM академија, која ќе нуди обуки во областа на технологијата, науката, уметноста и математиката.
Четврти кат: простор за театар, советување и креативни активности, наменет за младите кои сакаат слободно и без бариери да се изразуваат.
Младинскиот центар ќе биде средиште на новата генерација, каде што ќе се спојуваат образованието, иновациите, уметноста и креативноста. Тој ќе служи како платформа за личен и професионален развој на младите во Чаир,“ истакна Изет Меџити.