Skip to main content

Матура: Помалку препишувачи и повисоки оценки по математика

Просечната оценка на успехот од полагањето на двата екстерни испита од државна матура во јуни е 3,69 и е повисок од минатата година кога средната оценка беше 3.26. Подобрувања има на тестовите по мајчин јазик, но и по математика – каде за разлика од претходната година, просечната оценка е зголемена од 3,73 на 4,14, информираа на прес-конференција министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ), Даниела Јовчевска-Михајловска. 

Учениците имале подобри оценки по француски и германски јазик, отколку по англиски и мајчин јазик. Средната оценка од успехот по англиски јазик е 3.65,  по мајчин јазик – 3.68 , додека по германски и француски јазик е 4,42 и 4,67.

За предметот естетика просечната оценка е 4,93, а за филозофија – 3,71. 

И на овие екстерни тестирања, дел од учениците се обиделе со препишување да го „надмудрат“ системот. Но, за разлика од минатите години кога имало и по цели групи на илјада или две илјади ученици кои се организирале преку апликации на мобилните телефони за споделување на исти одговори, сега бројката на препишувачи се свела на 172 ученици. 

Тие се обидоа да се надмудруваат со системот, ризикуваа и си го одложија завршувањето на средното образование“, вели Јаневска.

Поврзани вести