
Претседателот на Општинската организација на СДСМ во Струмица, Марјан Даскаловски, попладнево објави дека поднел оставка од партиската функција и ја доставил до лидерот Венко Филипче. Одлуката, како што пишува Даскаловски во објава на Фејсбук, е донесена со мирна совест и чисто срце, водена пред сè од лични причини.
„Изминатиот период беше исполнет со многу работа, заеднички победи, но и предизвици со кои се соочувавме секогаш со крената глава и со мисла за доброто на Струмица. Чест ми беше да ја предводам Организацијата и да работам со луѓе кои искрено го сакаат својот град. На идниот претседател и на новото раководство им посакувам многу успех, мудрост и нова енергија во водењето на партијата на локално ниво“,пишува Даскаловски во објавата на Фејсбук, заблагодарувајќи им се на сите соработници, членови, симпатизери и активисти на СДСМ за поддршката и укажаната доверба.
Дескаловски вели дека останува достапен како пријател и поддржувач со своето искуство и знаење да помогне секогаш и секаде кога ќе биде потребно.

Македонски


