
В среда ќе се одржи презентацијата на АРБУ (ARBU) – платформа за академско рангирање на универзитетите во Балканскиот регион, како и на претставувањето на извештаите за состојбата на високото образование и научно-истражувачката дејност.
АРБУ е иницијатива која обезбедува релевантни и споредливи податоци за универзитетите во регионот, наменета и за академската заедница и за студентите, со цел поголема транспарентност и поттикнување на научната продуктивност.
Детали за настанот
Датум: Среда, 10 јуни 2026
Време: 11:00 часот
Локација: Стопанска комора на Македонија, 5-ти спрат
Обраќања пред присутните
Д-р Марјан Бојаџиев, претседател на АРБУ
Проф. д-р Весна Јаневска, Министер за образование и наука
Доц. д-р Христина Серафимовска
Проф. д-р Ивица Пуљак, најдобар научник во регионот
Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија
Доц. д-р Марија Василевска, меѓународен експерт за квалитет во високото образование
Д-р Сашко Кедев
Д-р Веланд Рамадани

Македонски


