Skip to main content

МАЕИ и „Патриотското друштво“ од Скопје поделија подароци и книги на македонски јазик за децата од неколку села во Пустец

Советникот во Советот на Општина Пустец од Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Јордан Јанкула, денеска им распредели подароци и книги на македонски јазик на децата од градинките и учениците од Деветолетката „Отпорот на Горичените“ во село Долна Горица, која ги опфаќа четирите села: Горна Горица, Долна Горица, Глобочани и Туминец.  

Според Јанкула „даровите за најмалите и поддршката за македонскиот јазик во Општина Пустец“ обезбедени се во рамки на успешната соработка на МАЕИ и „Патриотското друштво“ од Скопје. 

Децата се израдуваа на подароците и на книгите на македонски јазик. За нив ова не е само обичен подарок, туку поттик да го негуваат својот мајчин јазик, да читаат, учат и да се гордеат со својата македонска култура и традиција, додава тој. 

Јанкула посоува дека Македонци во Албанија, нивна должност е да ја зачуваат својата писменост, а со вакви акции покажуваат дека македонскиот јазик има своја иднина и меѓу младите генерации во Мала Преспа и пошироко.

Продолжуваме со вакви иницијативи, затоа што секоја книга, секој збор на македонски значи многу за нашиот идентитет, вели Јордан Јанкула. 

Поврзани вести