Skip to main content

Љупчо Коцевски преку „бонусите на СЈО“ го исчисти ВЈО од стручен и професионален кадар, по Хајрулахи отстранет од работа и Јован Цветановски

Дисциплинска постапка е поведена против двајцата обвинители од Вишото јавно обвинителство, првиот виш обвинител Мустафа Хајрулахи и неговиот колега Јован Цветановски.

Комисијата за утврдување дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција едногласно донела решение со кое се поведува дисциплинска постапка против Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје Мустафа Хајрулахи, за сторена тешка дисциплинска повреда согласно член 91 ст.1 алинеја 1 и 6 од Законот за јавното обвинителство.

Истовремено, Дисциплинската комисија исто така едногласно донела решение со кое се поведува дисциплинска постапка против Хајрулахи и јавниот обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје Јован Цветановски, за сторена тешка дисциплинска повреда согласно член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство – стои во одлуката на Комисијата.

Бидејќи Хајрулахи е веќе оддалечен од функцијата поради кривична постапка која се води против него, Јавниот обвинител на Република Македонија Љупчо Коцевски денеска донел одлука за оддалечување од функцијата сè додека трае постапката против него и на Цветановски, против кого е поведена дисциплинска постапка.

Несогласувањата започнаа околу предметот со „бонусите на СЈО“. Предметот за бонусите беше вратен во Обвинителството за организиран кримининал од страна на Цветановски и покрај барањето на Коцевски да се потврди првостепената одлука

Притисокот кој подолго време го прави Коцевски е со цел да се потврди првостепената одлука на ВМРО-ДПМНЕ и партијата како поднесител на кривичната пријава да не се даде својство на оштетен. Хајрулахи претходно изјави дека Коцевски го повикал на 19 декември да се качи кај него.

Одам кај него, не дочека јас да го прашам ни како сте, ми се обраќа со зборовите Стигна ли предметот кај вас. Му викам Кој предмет? Вика: предметот за бонусите на СЈО. Да, викам стигна. Кај кого е? Викам кај Цветановски. Вика ќе треба да се потврди првостепената одлука и на политичка партија, на ВМРО-ДПМНЕ, како поднесител на кривичната пријава, да не се даде својство на оштетен. Му викам: обвинителе нека го проучи предметот па ќе видиме. Ги тргна наочарите, ги фрли на маса и рече: јас завршив! Тој мислеше дека има работа со обвинител кој ќе му каже секако, прифатено. Јас се симнав во мојот кабинет, го викнав обвинителот кај кого е предметот му кажав дека ќе составам службена белешка и му објаснив што е како е и кои се притисоците. Службената белешка ја доставив во Совет за јавни обвинители и тие бараа од Коцевски да се произнесе. Дали е нормално републички јавен обвинител да наметнува исход на одлука на обвинител кој не го проучил се уште предметот. Законот е дециден – јавниот обвинител во своето постапување е самостоен. Јас на мојот обвинител не можам да му наложам каква одлука да донесе – изјави Хајрулахи.

Коцевски го чисти јавното обвинителство од кадарот кој нему не му одговара. Се работи за искусни и професионални обвинители, кои очигледно, барем според нивните тврдења, не сакаат да играат според диригетската палка на Коцевски. На овој начин тој ги отстрани двајцата обвинители кои му пречеа во спроведување на она, барем според тврдењата на Хајрулахи, имал намера да го направи. Коцевски беше обвинет дека врши притисок врз обвинители, беше обвинет дека преку неговата ќерка изнесувал документи од Обвинителството, со цел да ги оцрни обвинителите кои не сакале да постапат според неговото барање, но досега никој ен ги испита ваквите тврдења. Сега Коцевски си ги исчисти патот.

Поврзани вести