Skip to main content

Лекувањето 99 отсто е бесплатно, нема потреба никој да собира пари, сместување и пат плати Владата, вели Таравари

Лекувањето е бесплатно, а Владата обезбеди карти и сместување за по двајца членови на семејствата, за повредените кои се лекуваат во странство. Ова го изјави министерот за здравство, Арбен Таравари, по апелите да се донира преку трансакциски сметки.

Генерално во 99 отсто, сигурни сме дека е бесплатно лекувањето и нема потреба никој да собира пари. Како Влада обезбедивме и за по двајца членови на семејство да патуваат, да им плати Владата, плус сместувањето во сите држави. Нема потреба од шпекулации и невистини. Можеби во некоја држава, но генерално 99 отсто во државите е бесплатно – рече Таравари.

Поврзани вести