Skip to main content

Крешник Бектеши се уште е во полициска станица

Екс министерот за економија Крешник Бектеши се уште е во полициска станица.

Тој вчера беше повикан на информативен разговор во врска со пожарот во ноќниот клуб во Кочани.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера информираше дека МВР во координација со Јавното обвинителство до овој момент во врска со овој настан има осомничено повеќе од 20 лица, од кои 15 се во полициска станица.

Дел од осомничените за предизвикување на овој кривично правен настан се починати, дел се во болница.

Поврзани вести