Skip to main content

Коцевски: Градоначалникот на Кочани во моментов дава изјава во Обвинителство

Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски доцна попладне изјави дека градоначалникот на Кочани во оставка, Љупчо Папазов, е во Обвинителството и дава изјава за трагичниот настан со дискотеката.

Тој рече дека засега има 14 осомничени и дека доказите уште се собираат, а не ја исклучи можноста да биде обвинет и началникот на ОВР Кочани.

Ни престојат уште неколку дена за да ги собереме сите докази Се што е можно, за сите можни сторители, ќе се постапува и се собираат докази Во моментов градоначалникот е во зградава и дава изјава. Има 14 осомничени, рече Коцевски.

Поврзани вести