
На годишнината од Влада, премиерот Христијан Мицкоски рече дека стартуваме од минус. Можеби некој мисли дека тоа е претерана изјава. Вчера на Клиниката за детски болести Скопје, каде се презентираа 11 проекти за 11 месеци, имаше одлична илустрација за стартување од минус, на социјалните мрежи пишува директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.
Ќе повторам неколку работи, пред и потоа:
Кујната каде се спрема млекото и храната за бебињата не е реконстрирана со децении;
Два лифта не работат две-три години;
Одделот за пулмологија исто така нереконструиран долго време.
И сето тоа за малку пари, сите 11 проекти се за 40 милиони денари.
Најдобар пример дека не е до парите, туку до целосна негрижа и неработење е натрупаниот отпад од стара опрема и инвентар.
За да се однесе отпадот и исчисти не требаат пари, треба грижа и работа!, пишува Клековски.