Skip to main content

Кекеновски до Ахмети: Добрите и политичарите визионери и демократи не го погазуваат и кршат Уставот на државата

Facebook/Jove Kekenovski

Добрите и политичарите визионери и демократи не го погазуваат и кршат Уставот на државата. добрите политичари не поддржуваат донесување на притивуставни закон, реагира на изјавата на Ахмети професорот Јове Кекеновски.

АЛИ АХМЕТИ пред Уставниот суд изјави: ,,Ако сте добри и визионерски политичари, вие ќе го унапредевте јазикот, а не да го укинувате”.

ЈОВЕ КЕКЕНОВСКИ до Али Ахмети:

Добрите и политичарите визионери и демократи:

  • не го погазуваат и кршат Уставот на државата;
  • добрите политичари не поддржуваат донесување на притивуставни закони;
  • добрите политичари не им се закануваат на институциите и не се обидуваат да ја дестабилизираат државата и не ги вознемируваат сограѓание;
  • добрите политичари ги почитуваат препораките на учените и експертите во овој случај и мислењето на Венецијанската комисија;
  • добрите политичари и визионери не мислат само на интересот на мал дел од своите партиски приврзаници туку на општото добро на сите граѓани на државата, пишува во својата објава на Фејсбук Кекеновски.

Поврзани вести