Skip to main content
YwyoHmSGOF8

Kај ги наоѓаат толку независни?

Веќе нема дилеми. Протестите во Македонија за трагедијата во Кочани се организирани од надвор, со логистичка поддршка одовде.

Главни изведувачи и глумци се кадри од Левица и Шарената револуција. Како мршојадци кои долго време беа скриени, па сега намирсаа нов плен. За нив се е политика, жртвите од пожарот им се на последно место.

Исто како модуларната, Беса транс, Дурмо, кабелот..

Како што организторите на протестите против Вучиќ кои беа фатени на дело како се договараат да прават насилство , така и овие од Левица беа фатени во живо . Инструктор им е Сташа Цветковиќ од Србија чија специјалност се протести. Не е битно за што, важно е да се излегува на улица и да се предизвикува насилство., коментира авторот на ТВ Колумната „ 5 минути со Чавез“.

Српскиот медиум кој ги поддржува протестите во Македонија се вика машина,рс“ во кој главен уредник е Марко Милетиќ од српската опозициска партија „Покрет слободних граџана“.

Милетиќ во моментов е во притвор за кршењето на градската куќа во Нови Сад пред неколку месеци.

Протестите се движат по српски ноти, исти транпаренти, пароли, пумпање, динстање.

Од што се неинвентивни дури и препишуваат стихови од песни „да је било све по закону“. Уште да знаат дека тоа е од песна на Балашевиќ.

Е да, да беше се по закон и вие и вашите налогодавачи ќе бевте на друго место, а не на улица. Но,тоа е ,кога нема навреме да ги сместиш таму каде што им е место, ќе никнуваат како печурки после дожд. И овие од Левица, но и подзаборавените кадри од шарената револуција.

Се сеќавате на оваа девојка.

Ваков лик не се заборава. Ете Сања сосема спонтано и случајно се појави на протестот за Кочани, сега како освестена револуционерка бара правда и оти политика не ја интересирало.

Фали уште да се појави Јасминче која се кара со ФБИ и „Република“ и Павле Богоевски и друштвото е комплетно. Све је исто, само њега нема. Уствари се појави и тој, инвеститорот од Дубаи.

Во целава оваа трагедија, за поздравување е однесувањето на Кочанчани кои навреме сфатија дека други сакаат да профитираат на нивната мака и порачуваат дека не бараат револуција за промена на власта туку револуција за промена на колетивната свест.

И навистина ни потребна промена на колективната свест и казнување на вистинските виновници , со име и презиме, без разлика од која партија доаѓаат.

Но,тие никако не смеат да бидат од ДУИ. Тоа е забрането, бидејќи ќе се нарушеле меѓуетничките односи. Ете сопругите на Бујар Османи и на Крешник Бектеши се закануваат дека веќе нема да молчат и оти ќе има етнички немири.

Валбона на Бујар брзо се свести, или веднаш ја искараа па го избриша Фејсбук статусот. Фалеше упште Валбона да се закани дека ќе ги извади чизмите од подрум ,како онаа од ДУИ, и го заборавивме името, бидејќи е тотално небитна.

Македонија мора да продолжи да живее. На политичките шушкачи им следува казна на избори од граѓаните, а за виновниците за трагедијата во Кочани си има суд и затвор.

Се по закон, што би рекол Балашевиќ.

Поврзани вести