
Министерката за образование и наука Весна Јаневска информираше дека Предлог-законот за високо образование ќе биде јавно објавен во понеделник.
Како што истакна Јаневска, најголем интерес во академската заедница во моментов предизвикуваат критериумите за избор во наставно-научни звања, начинот на финансирање на универзитетите, како и можностите за унапредување на целокупната академска и научна заедница.
„Ова се прашањата што во овој момент најмногу ја интересираат академската јавност и за кои очекуваме широка дебата“, изјави Јаневска.
Одговарајќи на новинарско прашање во врска со најавеното покачување на платите за наставниците, министерката потсети дека зголемувањето е дел од повеќегодишен договор меѓу Владата и СОНК.
„Како што сме договориле, не само оваа година, туку во сите четири години од мандатот, наставниците ќе добиваат зголемување на платите. Во месец април, мартовската плата ќе биде зголемена за 7,5 проценти“, нагласи Јаневска.

Македонски



