
Институтот за политички истражувања Скопје, за потребите на МРТ подготви анкета за претстојните локални избори за случувањата во земјава и за рејтингот на политичарите и политичките партии.
На прашањето во каква насока се движи општина Струмица, 24.6% од испитаниците се изјасниле дека се движи во целосно погрешна насока, а 11.4% дека немаат одговор.
Споредено со изминатите неколку години за животот во Струмица, 16.1% од испитаниците одговориле дека животот е многу полош, додека пак 36.2% се изјасниле дека животот во општината е ист.
На прашањето дали животот во наредните неколку години ќе биде подобар или полош, 28.7% од испитаниците сметаат дека донекаде ќе се подобри, а 13.4% биле сигурни дека многу ќе се подобри.
21.2% од испитаниците не сакале да дадат одговор.
Во контекст на излезеноста за гласање на претстојните локални избори, 42.8% од испитаниците одговориле дека со сигурност ќе гласаат, додека пак 27.7% немале одговор.
Според испитаниците двата најголеми проблеми кои под итно мора да се решат во општина Струмица, 20.8% одговориле дека се водовод и канализација, додека пак 10.3% го посочиле дека вториот најголем проблем во општината е сообраќајот.