
Канал 5 ТВ како општествено одговорен медиум и телевизија која е единствена и уникатна во претставувањето на сите релевантни општествени и политички чинители во Македонија на својата програма, јасно и недвосмислено уште еднаш нагласува дека ставовите на нивните гости никако не се ниту ќе бидат ставови и рефлексија на нашата уредувачка политика, се наведува во реакцијата на директорот Иван Мирчевски.
„Вчудоневидени сме од вчерашниот настап на г-динот Сашо Орданоски кој со неопислива леснотија ја таргетираше новата аминистрација на нашиот најголем стратешки партнер – САД.
Исто така, ги осудуваме искажаните навреди, клевети и шпекулации од страна на Сашо Орданоски кои не би сакале да веруваме дека беа малеволентни вербални стрели при неговото опишување на карактерот, образованието и општествено-политичкото дејствување како на американскиот претседател Трамп така и на неговото потесно семејство и соработници.
За крај, Канал 5 ТВ и натаму ќе остане уникатна демократска медиумска платформа, отворена за сите различните гледишта и ставови, афирмативни или критични, но секој оној кој ќе ја (зло)употреби дадената минутажа и фреквенција на Канал 5 ТВ, треба да очекува дека ќе биде предмет на судот на јавност во Македонија“, се наведува во реакцијата на Канал 5.