
Според извори од партијата, Артан Груби ги поседува „бомбите“ за раководството и за фунцкинерите на ДУИ, а тој снимките ги добил од Зоран Заев, пишува на својот фејсбук-профил Џевдет Хајредини, поранешниот министер за финансии и добар познавач на политиката во албанскиот политички блок.
„Груби, според внатрешни извори, со поддршка на Али, е хорор за поранешните и актуелните партиски функционери. Овој разумен страв доаѓа од фактот дека некогаш, во времето на ‘бомбите’, сите снимени разговори за функционерите на ДУИ, вклучително и за Али, му беа предадени на Артан од Заев. Како што е познато, во стотиците пуштени бомби, не излегоа бомби за главите на ДУИ, а сите тврдат дека ги има многу, и дека се добро чувани во приватниот сеф на Артан Груби. Со нив може да уценува, да сее страв…“, напиша тој.